Проектот Еразмус+ насловен „Млади ЗЕЛЕНИ претприемачи – иновативни пристапи во промовирањето на зеленото претприемништво кај младите“ (2021-1-HU01-KA220-YOU-000029114) има за цел да се справи со потребата да се зголеми мотивацијата за ЗЕЛЕНО претприемништво кај младите и да се одговори напредизвиците во исто време.
Целите на проектот се следните:
- Да ги поттикне и опреми младите, младите работници и стартап заедницата со иновативни дигитални алатки за стекнување нови вештини, компетенции и практично знаење за развој на сопствени бизниси со вредност на заедницата за зелено претприемништво (здраво општество, заштита на водата, чиста енергија, одржливи заедници, одговорна потрошувачка /производство, ублажување на климата, заштита на природните екосистеми, одржливо користење на ресурсите);
- да се развијат модули за обука и развој на GREEN (зелени) производи, за младите да добијат нови вештини и да се запознаат со ново, практично употребливо знаење. Стартап заедницата и младинските работници ќе имаат шанса понатаму да соработуваат со младите на темата преку развиени модули;
- да се развијат модули за обука за ЗЕЛЕН бизниси, за да се зголемат компетенциите за зелено претприемништво на младите. Училишта, образовни институции и младински работници;
- да се дисеминираат резултатите од проектот надвор од партнерството (меѓународно);
- да се промовира зеленото претприемништво меѓу младите, идни претприемачи (исто така преку отворен повик на ЕУ), особено млади возрасни од 18 години и студенти, стартап компании, младински работници и.
- да се промовира употребата на дигитални алатки на ниво на ЕУ за да се поттикне зеленото претприемништво кај младите.

Проектот започна во ноември 2021 година со учество на 6 земји (Словенија, Бугарија, Северна Македонија, Ирска, Шпанија, Унгарија). Партнерството би требало да обезбеди иновативни методи за поттикнување на зеленото претприемништво кај младите. Еден резултат од проектот е платформата каде што сте сега.